Визија


Вардар Доломит дава посебно значење на одржувањето на квалитетот на своите производи на највисоко ниво. Потврда за тоа е сертификацијата на интернационалниот стандард за квалитет ISO 9001 што континуирано се одржува од 2006 година.

ВАРДАР Доломит цели кон градење на долготрајни партнерства како со добавувачите така и со клиентите. Нашата цел е да имаме доверливи соработници затоа што сметаме дека тоа е клучна компонента за останување стабилна и одржлива компанија.

Вардар Доломит полага значајно внимание на безбедноста на работната околина како и на здравјето на вработените. Се преземаат сите неопходни мерки за навремено превенирање на потенцијалните ризици и на сите вработени задолжително се вршат редовни здраствени прегледи.

Вардар Доломит става значаен акцент на заштитата на животната средина. Сертификатот за интернационалниот систем за менаџмент на животна средина ISO 14001, со кој што се стекнавме во 2008 година, e показател на нашата чуствителност за благосостојбата на животната средина.

Вардар Доломит е општествено одговорна компанија која се стреми кон зајакнување на локалните капацитети преку трансвер на знаење како и преку поддршка на локални кампањи.

Вардар Доломит вложува во обуки на своите вработени и е отворен за соработка со училишта, факултети и институции на полето на наука, инженерство и технологија.

Вардар Доломит е компанија лидер во регионот по однос на енергетската ефикасност. Имплементацијата на интернационалниот стандард за енергетски менаџмент ISO 50001 е при крај и истиот ќе го сертифицираме во 2017 година.

Новости