За нас

"Вардар Доломит е Европски производител на синтер доломит, синтер доломитни опеки и маси. Лоцирана во град Гостивар во Р.С.Македонија."
Имајќи директен пристап и контрола на главната суровина преку високо квалитетните рудници кои се во сопственост на компанијата, Вардар Доломит се наоѓа во стратешка предност во однос на неколкуте други производители на доломит во светот. Преработката суровини кои се добиваат од локални рудници представува високо ефикасен производен процес кој го минимизира влијанието врз околината и ја подобрува одржливоста на бизнисот.
Употребата на доломитот во индустријата за челик е рапидно зголемена во песледните децении како резултат на нивната позитивна определба за производство на чист челик во чиста животна средина. Високиот степен на огноотпорност, инертноста кон челикот, одличните перформанси како и ниската цена го истакнуваат доломитот како разумен избор за производителите на челик во 21от век.
Со производен капацитет од над 60.000 тони годишно, Вардар Доломит е горд што ги снабдува своите потрошувачи со доломитни огноотпорни материјали од највисок квалитет, добиени по највисоки стандарди.
Визија и Посветеност
Одржлива Вредност преку Одговорно Дејствување
Нашата компанија е целосно и одговорно посветена на највисоките стандарди за безбедност и здравје при работа, заштита на животната средина и одржлив развој.
Квалитет на највисоко ниво
Вардар Доломит дава посебно значење на одржувањето на квалитетот на своите производи на највисоко ниво. Потврда за тоа е сертификацијата на интернационалниот стандард за квалитет ISO 9001 што континуирано се одржува од 2006 година.
Долготрајни партнерства
ВАРДАР Доломит цели кон градење на долготрајни партнерства како со добавувачите така и со клиентите. Нашата цел е да имаме доверливи соработници затоа што сметаме дека тоа е клучна компонента за останување стабилна и одржлива компанија.
Безбедност пред сè
Вардар Доломит полага значајно внимание на безбедноста на работната околина како и на здравјето на вработените. Се преземаат сите неопходни мерки за навремено превенирање на потенцијалните ризици и на сите вработени задолжително се вршат редовни здраствени прегледи.
Заштита на животната средина
Вардар Доломит става значаен акцент на заштитата на животната средина. Сертификатот за интернационалниот систем за менаџмент на животна средина ISO 14001, со кој што се стекнавме во 2008 година, e показател на нашата чуствителност за благосостојбата на животната средина.
Општествена одговорност, развој и енергетска ефикасност
Вардар Доломит е општествено одговорна компанија која се стреми кон зајакнување на локалните капацитети преку трансвер на знаење како и преку поддршка на локални кампањи. Вардар Доломит вложува во обуки на своите вработени и е отворен за соработка со училишта, факултети и институции на полето на наука, инженерство и технологија.
Мрежа на Клиенти
Присуство во Турција
Меѓународно Присуство
Сертификат за Систем за Управување со Квалитет ISO 9001
Вардар Доломит, стремејќи се да биде еден од водечките производители на огноотпорни материјали во светот, ги прифаќа следниве начела преку добивањето на Сертификат за Систем за Управување со Квалитет:
- Навремено исполнување на постојано променливите потреби и очекувања на клиентите
- Зголемување на задоволството на клиентите во рамките на меѓународните стандарди
- Обезбедување на континуирано унапредување во секоја фаза од производството, маркетингот и услугите
- Постигнување на однапред утврдените цели за квалитет и унапредување на нашите стандарди
- Постојано унапредување на нашето работење преку следење на глобалните случувања
- Применување на систематски и корпорациски пристап во нашето работење
- Отворање кон нови пазари.
ISO 14001 Систем за Управување со Животна Средина
Вардар Доломит, стремејќи се да биде еден од водечките производители на огноотпорни материјали во светот, ги прифаќа следниве начела преку добивањето на Сертификат за Систем за Управување со Животна Средина:
- Обезбедување сигурност за анализа и контрола на влијанието врз животната средина
- Создавање чесен производствен систем кој го оправдува довербата на нашите клиенти и засегнати страни
- Приспособување кон законските обврски и правилно управување со еколошките одговорности
- Намалување на отпадните материјали и јаглеродниот отпечаток
- Унапредување на ефикасноста во користењето на ресурсите
- Зголемување на посветеноста кон одржливоста.
Сертификат за Систем за Управување со Енергија ISO 50001
Вардар Доломит, стремејќи се да биде еден од водечките производители на огноотпорни материјали во светот, ги прифаќа следниве начела преку добивањето на Сертификат за Систем за Управување со Енергија:
- Оптимизирање на потрошувачката на енергија преку имплементација на технички и менаџерски стратегии
- Унапредување на енергетските перформанси и ефикасноста
- Придонесување кон намалување на емисиите на јаглерод и стакленички гасови
- Создавање одржлив оперативен и менаџерски систем што ги отелотворува нашите основни заложби
- Зголемување на енергетската свесност кај нашите засегнати страни: нашите вработени, акционери, добавувачи, клиенти и заедницата
- Намалување на трошоците поврзани со енергија
Награда за Увид во Енергетски Менаџмент – 2018
Вардар Доломит ја доби наградата „Energy Management Insight Award 2018“ за презентирање на студија на случај што ги истакнува придобивките од системите за управување со енергија кои компанијата ги спроведува преку имплементација на стандардите ISO 50001. Вардар активно применува системи за енергетски менаџмент во своето работење со цел да оствари заштеди на енергетски трошоци, да ги подобри енергетските перформанси, да ги намали емисиите на стакленички гасови и целосно да го трансформира начинот на користење на енергијата.
Вести
6ᵗʰ International Iron & Steel Symposium
25 мај 2017
6-тиот Симпозиум за Железо и Челик се одржа на 25 и 26 мај во Конгресниот и Изложбен Центар Tepekule во Измир. Симпозиумот собра широк спектар на добавувачи, производители и крајни корисници од целиот свет, создавајќи платформа за дискусија за ефикасноста, квалитетот, работната сила, трошоците, животната средина, одржливоста и аспектите на циркуларната економија во индустријата за челик, како и за секојдневните предизвици со кои се соочуваат производителите на челик. За време на симпозиумот, сите заинтересирани домашни и странски компании ги претставија своите производи и услуги пред производителите на челик во Конгресната и Изложбената зона. Haznedar Group беше платински спонзор на организацијата и беше присутна за да ги пречека своите клиенти од железната и челичната индустрија на својот штанд во текот на двата дена на настанот.
13ᵗʰ International Iron & Steel and Foundry Technology, Machinery and Products Trade Fair
29 Сеп 2016
Глобални и национални добавувачи за челичната и ливарската индустрија изложуваа на ANKIROS 2016. Овие компании вклучуваа добавувачи на интегрирани постројки, машини и опрема, опрема за валалници, системи за вчитување метал, лакови и индукциски печки, индустриски печки, машини за лиење, постројки за подготовка на песок и машини за јадра, машини и материјали за површинско чистење, суровини и потрошен материјал, ватростојни материјали, инструменти за тестирање и анализа и многу други решенија за производство на челик и леење. Haznedar Group беше присутна за да ги претстави сите три свои компании — Haznedar Refractories, Durer Monolithic и Vardar Dolomite — на својот заеднички штанд.
12ᵗʰ International Iron & Steel and Foundry Technology, Machinery and Products Trade Fair
11 Сеп 2014
Саемот Ankiros 2014 се одржа во TÜYAP Саемски и Конгресен Центар во периодот од 11 до 13 септември.
На саемот беа изложени добавувачи на печки, ватростојни материјали, опрема за тестирање и анализа, машини за лиење, системи за подготовка на песок, машини, технологии и услуги, како и суровини потребни за производство на железо и челик. Сите три компании на Haznedar Group — Haznedar Refractory, Durer Monolithics и Vardar Dolomite — ги пречекаа своите клиенти и заинтересираната публика за време на трите дена од настанот.
5ᵗʰ International Iron & Steel Symposium
22 Мај 2014
Организиран на секои две години од Стопанската комора на металуршки инженери на Турција, 5‑тиот Симпозиум за Железо и Челик се одржа на 22 и 23 мај 2014 година во Конгресниот и Изложбен Центар Izmir MMO Tepekule. Како платински спонзор, Haznedar Group имаше чест да учествува и да се сретне со своите ценети клиенти и пријатели на симпозиумот.
Животна средина
Вардар Доломит поседува А интегрирана еколошка дозвола и има воспоставено високи оперативни стандарди преку имплементација на Стандартдите за управување со квалитет ISO 9001, Енергетска ефикасност ISO 50001 и Стандардот за управување со животна средина ISO 14001.
За да ги идентификува сите можни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, компанијата има систем за спроведување на утврдени процедури за мониторинг и управување со итни ситуации. Овој систем проактивно спречува појава на потенцијални опасности и ризици од било каков вид.









