Процес на производство
Главната цел на Вардар Доломит е да имаме конкурентни производи на пазарот со највисок квалитет. Вардар Доломит преку одговорно и безбедно работење е фокусиран на профитабилност, континуиран пораст во производството и одржлив висок квалитет на производи при што се става голем акцент на заштитата на животната средина. Нашата компанија се стреми да биде пример за одговорно и транспарентно работење и добро корпоративно управување.
Процесот на производство започнува со синтерување на Суров Доломит. Синтерувањето се врши во две Шахтни Печки на температура од 2000 °C. Формирањето на опеките се врши со помош на Хидраулични Преси од познати производители кои го обезбедуваат потребниот притисок за постигнување на максимална густина на производот. Производите на Вардар Доломит се наменети за работни обоги на металуршки агрегати во црната и обоената металургија.
Производи
- Синтерувани доломитни опеки
Производиме синтерувани доломитни опеки со различен квалитет (состав), форми и димензии според барањата на клиентите.
- Синтер доломитни маси
За квалитетот на производите допринесува користењето на високо квалитетни суровини, врзивни средства, додатоци, репроматеријали, современи средства за производство и секако квалификуван и обучен работен кадар од сите профили.
















